Кои податоци ги собираме, за која цел, на кого ги доставуваме, колку долго ги чуваме и кои се Вашите права.
Услугата ја обезбедува Tendex, автоматизиран систем за анализа на јавни набавки развиен од Моноботикс Технолоџис ДОО, ЕДБ 4011021520469, ЕМБС 7556152, со седиште на 27ми Март 6, 1430 Кавадарци, Македонија. Контакт: kontakt@tendex.mk, +389 75 251 612.
Податоците за јавните набавки, институциите, договорите и добавувачите не се лични податоци во смисла на овој документ: тие се јавен запис објавен од националниот портал.
Податоците ги обработуваме за да ја обезбедиме услугата што сте ја нарачале и да го извршиме договорот со Вас, за наплата, за безбедност на услугата и спречување злоупотреби, и за да Ви одговориме кога ќе нè контактирате. Податоците не ги продаваме и не ги отстапуваме за рекламни цели.
Дел од обработувачите се надвор од Македонија, со што се врши пренос на податоци во странство врз основа на договор за обработка. Освен во наведените случаи, податоци доставуваме само кога тоа го налага закон или надлежен орган.
Работниот простор и Прашај се наменети за деловни податоци за набавки. Не внесувајте чувствителни лични податоци, здравствени податоци, ниту документи што содржат лични податоци на трети лица без основ. Вие сте одговорни за законитоста на внесената содржина.
Tendex.mk е изграден врз податоци што договорните органи по закон мора да ги објават на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Тие податоци се за институции и фирми: што е планирано, што е објавено, кој добил и за колку. Тоа се фактите што ги обработуваме и ги прикажуваме.
Тие објавени записи содржат и лични податоци на физички лица: име и директен контакт на лицето за јавни набавки, овластениот потписник, членовите на комисијата за евалуација и вистинските сопственици на избраниот понудувач. Овие податоци не се потребни за нашата цел. Тие не се прикажуваат, не се пребарливи, не се вклучени во извозите и не се достапни за нашиот AI асистент, ниту при поставувањето на прашањето, ниту при враќањето на резултатите. Онаму каде што се задржани во нашата копија од изворниот запис, се чуваат исклучиво како доказ за содржината на регистарот на денот на преземањето.
Ако се појавувате во тој јавен регистар и сакате да знаете што чуваме за Вас, или сакате тие да бидат отстранети од нашата копија, пишете ни на kontakt@tendex.mk. Немаме можност да ја измениме содржината што ја објавува ЕСЈН; за тоа е надлежен договорниот орган или Бирото за јавни набавки.
Применуваме разумни технички и организациски мерки: шифрирана врска, лозинки чувани како криптографски отпечаток, одвоен пристап по фирма и ограничен пристап на вработените. Ниту еден систем не е апсолутно безбеден и не можеме да гарантираме дека нема да настане инцидент. Во случај на повреда што претставува ризик за Вас, Ве известуваме во законски предвидениот рок.
Имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост и приговор. Пишете на kontakt@tendex.mk и ќе одговориме во рок од 30 дена. Можеме да побараме да го потврдите идентитетот пред да постапиме. Ако не сте задоволни, имате право на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Оваа веб-страница нема аналитика и нема колачиња. Апликацијата користи два колачиња: едно за сесијата, за да останете најавени, и едно за избраната валута. Изборот на јазик се зачувува локално во прелистувачот. Не користиме рекламни колачиња ниту колачиња за следење.
Во сила од 14.09.2026. За измени известуваме по е-пошта најмалку 30 дена однапред.
Користиме само неопходното: сесија за да останете најавени, и твојот јазик и валута. Без аналитика, без реклами, без следење.