„Колкав е мојот пазар?“
Не постои точен податок колку се троши во твојата дејност, ниту колкав е твојот удел во соодветниот пазар. Работиш без да имаш увид кој е твојот потенцијал.
Твојата предност почнува кога знаеш како пазарот се движи. Напредна аналитика за твојот сектор и навремени известувања за секоја промена.
Tendex дава одговор на важните прашања затоа што расфрлани податоци без структура трошат време и пари.
„Колкав е мојот пазар?“
Не постои точен податок колку се троши во твојата дејност, ниту колкав е твојот удел во соодветниот пазар. Работиш без да имаш увид кој е твојот потенцијал.
„Како да добијам информација кога сè уште има време да дејствувам?“
Пазарот е променлив и измени се прават на дневна основа. Кога не дознаваш на време, пропушташ потенцијални зделки.
„Што прави мојата конкуренција подобро од мене?“
Важно е да знаеш кој освојувал тендери досега, по која цена и колку понуди имало. Tendex ти кажува што постои во твојата дејност; кој има најголем удел и каде понудувал.
Сè е поставено од перспектива на твојата фирма: од моментот кога се пријавуваш, преку календарот, отворените тендери и статистиката, секој екран одговара на истото прашање : што значи ова за нас?
При пријавување, избираш сектори и клучни зборови што одговараат на твојата дејност. Оттаму, целата платформа е скроена по тебе: без непотребни информации, само она што е релевантно за твојата фирма.
Што планираат институциите да купат во следните месеци, и колкава е проценетата вредност на секоја планирана набавка. Планирај пред време, биди информиран пред тендерот воопшто да излезе, и добиј известување штом ќе има промена во планираните набавки.
Што е моментално активно, со сите детали што ти се потребни за да донесеш одлука дали да понудиш: дали веќе постојат склучени договори, и известување штом нешто ќе се промени.
Еден купувач: Министерство за здравство. Три договори во 2026, вкупно 222 милиони МКД.
Три договори, три различни победници: со 43%, со 41% и со 15%. Никој не го држи овој пазар сам.
Колку потрошија општините на енергија и гориво оваа година, и кој најмногу добива?
78 општини потрошиле 919 милиони МКД низ 172 договори за енергија и гориво во 2026.
Најголем добавувач е со 28 договори и 24% од вредноста. Просечен договор: 5,3 милиони МКД.
Секој пакет е претплата од минимум 12 месеци.
5.304 ден
Годишна претплата за 12 месеци со плаќање однапред: 12 × €86 = €1.035 (63.652 ден)
6.704 ден
Годишна претплата за 12 месеци со месечна наплата: 12 × €109 = €1.308 (80.442 ден)
За едно лице што одлучува за понудите и му треба досието зад секој тендер.
6.278 ден
Годишна претплата за 12 месеци со плаќање однапред: 12 × €102 = €1.225 (75.338 ден)
7.934 ден
Годишна претплата за 12 месеци со месечна наплата: 12 × €129 = €1.548 (95.202 ден)
За фирма што се јавува постојано и сака да прашува, не само да чита.
По договор, според број на корисници и обем
За тим што работи заедно на понудите и сака извештаи по своја мерка.
| Функционалност | Основен | Про | Бизнис |
|---|---|---|---|
| Број на корисници | 1 | 1 | 3+ |
| Моментално отворени огласи, оценети по твоите категории | ✓ | ✓ | ✓ |
| Календар на годишните планови | ✓ | ✓ | ✓ |
| Ранг, категории и институции | ✓ | ✓ | ✓ |
| Досие на институција и на конкурент | ✓ | ✓ | ✓ |
| Историја на доделени договори | ✓ | ✓ | ✓ |
| Следени тендери и потсетници за рокови | ✓ | ✓ | ✓ |
| Мои понуди: фази, задачи и список документи | ✓ | ✓ | ✓ |
| Анализа на добиено и изгубено | ✓ | ✓ | ✓ |
| Прашај AI | – | ✓ | ✓ |
| Техничка спецификација и претходни победници по тендер | ✓ | ✓ | ✓ |
| Заеднички работен простор за тимот | – | – | ✓ |
| Онбординг работилница | – | ✓ | ✓ |
| Извештаи прилагодени на твоите категории | – | – | наскоро |
| Приоритетна поддршка | – | – | ✓ |
| Експорт во Excel и CSV | наскоро | наскоро | наскоро |
| Извештаи во PDF | наскоро | наскоро | наскоро |
| Интеграција со твојот ERP систем | – | – | наскоро |
„наскоро“ значи дека е во план, а сè уште го нема во производот. Не го наплатуваме додека го нема.
Цените се конечни. Не пресметуваме ДДВ, бидејќи не сме во системот на ДДВ. Претплатата трае 12 месеци во двата случаеви: годишната се фактурира еднократно на почетокот на претплатата, месечната во 12 месечни рати. Се обновува за уште 12 месеци, освен ако се откаже најдоцна 30 дена пред истекот.
„Од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), официјалниот портал на Бирото за јавни набавки. Сите податоци што ги прикажуваме се податоци од јавен карактер и јавно достапни. Нашата вредност е во тоа што годишните планови, огласите и склучените договори, кои порталот ги прикажува одделно, ги поврзуваме и анализираме на едно место.“
„Податоците се освежуваат секој ден од ЕСЈН: годишните планови и нивните измени, отворените огласи со тендерската документација и склучените договори. Нов оглас објавен на порталот се појавува во Tendex.mk со следното дневно освежување.“
„Во базата се фирмите што добиле договор за јавна набавка, заедно со нивната историја. Ако твојата фирма досега нема склучено договор, при регистрација само внеси го нејзиното име. Отворените тендери, календарот на планирани набавки и анализите на институциите и конкуренцијата ти се достапни во целост; единствено уште нема историја на твои добиени договори.“
Остави го името на фирмата и е-пошта. Ќе ти се јавиме во рок од еден работен ден и ќе ти ја покажеме платформата на податоците на твојата фирма.
Користиме само неопходното: сесија за да останеш најавен, и твојот јазик и валута. Без аналитика, без реклами, без следење.
Уште еден чекор пред плаќањето, а со истата сметка ја користите и апликацијата.
Пиши или јави се. Одговараме во рок од еден работен ден, и одговара човек, не тикет систем.
kontakt@tendex.mkЕ-пошта +389 75 251 612Телефон, работни денови 09:00-17:00 Побарај демо ›