Tendex.mk
Добиј информации за пазарот на јавни набавки

AI Систем за Тендер Интелигенција!

Твојата предност почнува кога знаеш како пазарот се движи. Напредна аналитика за твојот сектор и навремени известувања за секоја промена.

1.285Институции
над 32.000Планирани набавки за 2026
над 20.000Доделени договори
3.477Фирми понудувачи
Кои се проблемите со кои се соочуваат нашите фирми?

Нема прегледност за податоците што најмногу вредат.

Tendex дава одговор на важните прашања затоа што расфрлани податоци без структура трошат време и пари.

01

„Колкав е мојот пазар?“

Не постои точен податок колку се троши во твојата дејност, ниту колкав е твојот удел во соодветниот пазар. Работиш без да имаш увид кој е твојот потенцијал.

02

„Како да добијам информација кога сè уште има време да дејствувам?“

Пазарот е променлив и измени се прават на дневна основа. Кога не дознаваш на време, пропушташ потенцијални зделки.

03

„Што прави мојата конкуренција подобро од мене?“

Важно е да знаеш кој освојувал тендери досега, по која цена и колку понуди имало. Tendex ти кажува што постои во твојата дејност; кој има најголем удел и каде понудувал.

Производот

Како Tendex ги решава овие проблеми?

Сè е поставено од перспектива на твојата фирма: од моментот кога се пријавуваш, преку календарот, отворените тендери и статистиката, секој екран одговара на истото прашање : што значи ова за нас?

Чекор еден: поставување

Означуваш што е релевантно за тебе и што сакаш да гледаш.

При пријавување, избираш сектори и клучни зборови што одговараат на твојата дејност. Оттаму, целата платформа е скроена по тебе: без непотребни информации, само она што е релевантно за твојата фирма.

Календар

Планирани набавки, месеци пред да станат тендер.

Што планираат институциите да купат во следните месеци, и колкава е проценетата вредност на секоја планирана набавка. Планирај пред време, биди информиран пред тендерот воопшто да излезе, и добиј известување штом ќе има промена во планираните набавки.

  • Проценета вредност на секоја планирана набавка
  • Известување пред тендерот да биде објавен
  • Известување ако има промена во планираните набавки
Отворени тендери

Сè што ти треба за да одлучиш, на едно место.

Што е моментално активно, со сите детали што ти се потребни за да донесеш одлука дали да понудиш: дали веќе постојат склучени договори, и известување штом нешто ќе се промени.

  • Сите детали за да донесеш одлука да понудиш
  • Дали има веќе склучени договори
  • Известување штом нешто се промени
Прашај AI

Прашај со свои зборови.

Кои институции купуваат инсулин во Скопје, по која цена, и кој победува најчесто?

Еден купувач: Министерство за здравство. Три договори во 2026, вкупно 222 милиони МКД.

Три договори, три различни победници: со 43%, со 41% и со 15%. Никој не го држи овој пазар сам.

Колку потрошија општините на енергија и гориво оваа година, и кој најмногу добива?

78 општини потрошиле 919 милиони МКД низ 172 договори за енергија и гориво во 2026.

Најголем добавувач е со 28 договори и 24% од вредноста. Просечен договор: 5,3 милиони МКД.

Цени

Одбери пакет според твоите потреби.

Секој пакет е претплата од минимум 12 месеци.

Основен
€86/ месечно

5.304 ден

Годишна претплата за 12 месеци со плаќање однапред: 12 × €86 = €1.035 (63.652 ден)

€109/ месечно

6.704 ден

Годишна претплата за 12 месеци со месечна наплата: 12 × €109 = €1.308 (80.442 ден)

За едно лице што одлучува за понудите и му треба досието зад секој тендер.

  • 1 корисник
  • Моментално отворени огласи, оценети по твоите категории
  • Календар на годишните планови
  • Ранг, категории и институции
  • Досие на институција и на конкурент
  • Историја на доделени договори
  • Техничка спецификација и претходни победници
  • Следени тендери и потсетници за рокови
  • Мои понуди: фази, задачи и список документи
Најчесто избирано Про
€102/ месечно

6.278 ден

Годишна претплата за 12 месеци со плаќање однапред: 12 × €102 = €1.225 (75.338 ден)

€129/ месечно

7.934 ден

Годишна претплата за 12 месеци со месечна наплата: 12 × €129 = €1.548 (95.202 ден)

За фирма што се јавува постојано и сака да прашува, не само да чита.

  • Сè од Основен, плус:
  • 1 корисник
  • Прашај AI: прашуваш со свои зборови, добиваш одговор со бројки
  • Одговори од целиот регистар: планови, огласи и доделени договори
  • Кој што купува, по која цена и кој добива
  • Пазарни удели и конкуренти, споредени со едно прашање
  • Онбординг работилница: те поставуваме заедно со тебе
Бизнис
По договор

По договор, според број на корисници и обем

За тим што работи заедно на понудите и сака извештаи по своја мерка.

  • Сè од Про, плус:
  • Од 3 корисници нагоре
  • Заеднички работен простор за тимот
  • Онбординг работилница за твојот тим
  • Извештаи прилагодени на твоите категории
  • Приоритетна поддршка
Контактирај нè

Преглед на функционалности по пакети

Функционалност Основен Про Бизнис
Број на корисници113+
Моментално отворени огласи, оценети по твоите категории✓✓✓
Календар на годишните планови✓✓✓
Ранг, категории и институции✓✓✓
Досие на институција и на конкурент✓✓✓
Историја на доделени договори✓✓✓
Следени тендери и потсетници за рокови✓✓✓
Мои понуди: фази, задачи и список документи✓✓✓
Анализа на добиено и изгубено✓✓✓
Прашај AI–✓✓
Техничка спецификација и претходни победници по тендер✓✓✓
Заеднички работен простор за тимот––✓
Онбординг работилница–✓✓
Извештаи прилагодени на твоите категории––наскоро
Приоритетна поддршка––✓
Експорт во Excel и CSVнаскоронаскоронаскоро
Извештаи во PDFнаскоронаскоронаскоро
Интеграција со твојот ERP систем––наскоро

„наскоро“ значи дека е во план, а сè уште го нема во производот. Не го наплатуваме додека го нема.

Цените се конечни. Не пресметуваме ДДВ, бидејќи не сме во системот на ДДВ. Претплатата трае 12 месеци во двата случаеви: годишната се фактурира еднократно на почетокот на претплатата, месечната во 12 месечни рати. Се обновува за уште 12 месеци, освен ако се откаже најдоцна 30 дена пред истекот.

Прашања

Често поставувани прашања

„Од каде се податоците?“

„Од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), официјалниот портал на Бирото за јавни набавки. Сите податоци што ги прикажуваме се податоци од јавен карактер и јавно достапни. Нашата вредност е во тоа што годишните планови, огласите и склучените договори, кои порталот ги прикажува одделно, ги поврзуваме и анализираме на едно место.“

„Колку се ажурни податоците?“

„Податоците се освежуваат секој ден од ЕСЈН: годишните планови и нивните измени, отворените огласи со тендерската документација и склучените договори. Нов оглас објавен на порталот се појавува во Tendex.mk со следното дневно освежување.“

„Што ако нашата фирма ја нема во базата?“

„Во базата се фирмите што добиле договор за јавна набавка, заедно со нивната историја. Ако твојата фирма досега нема склучено договор, при регистрација само внеси го нејзиното име. Отворените тендери, календарот на планирани набавки и анализите на институциите и конкуренцијата ти се достапни во целост; единствено уште нема историја на твои добиени договори.“

Демо

Види го твојот профил.

Остави го името на фирмата и е-пошта. Ќе ти се јавиме во рок од еден работен ден и ќе ти ја покажеме платформата на податоците на твојата фирма.

Одговараме во рок од еден работен ден. Без картичка, без обврска.

Колачиња

Користиме само неопходното: сесија за да останеш најавен, и твојот јазик и валута. Без аналитика, без реклами, без следење.

Дознај повеќе